Фудбалскиот клуб Бохум денеска го отпушти тренерот Томас Рајс поради лошите резултати на стартот од сезоната, потврди германскиот бундеслигаш.
„Јасно е дека не беше лесно да се донесе оваа одлука. Томас Рајс создаде врска меѓу клубот и градот, која трае веќе три години“, се вели во соопштението на клубот.
Рајс пристигна во Бохум во септември 2019 година, на местото на Хеик Бачер.
Минатата сезона клубот заврши на 13. место во Бундеслигата, а во првите шест натпревари од новата сезона забележа исто толку порази, прими дури 18 гола.
Бохум е вториот клуб во германскиот шампионат кој сезонава му се заблагодарува на својот тренер, по Лајпциг кој го отпушти Доменико Тадеско.