Утрински Весник
Македонија

938 казни за пребрзо возење

938 казни за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден (11.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 938 возачи.

dobivaj vesti na viber

Од нив 57 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Притоа 553 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 385 надвор од населено место.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Клековски: Што ќе добијат пациентите со дигиталното здравство – податоците го следат пациентот, а пациентот одлучува кој ги гледа

Пет илјади евра казна за Мерко за незаконско поставување спомен обележје на влезот на општинската зграда

Август 2026 екстремно топол и со 67 отсто помалку врнежи од просекот