Утрински Весник
Спорт

Ренџерс-Наполи преместен еден ден подоцна и со забрана на гостински навивачи

Dik 300x250 mk

УЕФА потврди дека мечот на Глазгов Ренџерс против Наполи во Лигата на шампионите, се одложува за 24 часа, и се воведува забрана за присуство на гостинските италијански навивачи по смртта на кралицата Елизабета Втора.

dobivaj vesti na viber

„Мечот помеѓу Ренџерс и Наполи, кој требаше да се игра на 13 септември, е презакажан за 14 септември поради ограничените достапни полицајци и проблемите со организацијата по деновите на жалост во Велика Британија по смртта на кралицата Елизабета Втора. Гостинските фанови нема да можат да присуствуваат на мечот, и во знак на фер-плеј, навивачите на Ренџерс нема да можат да присуствуваат на мечот во Неапол“, се вели во објавата на УЕФА.

Наполи имаа фантастичен старт на настапите во ЛШ, со 4:1 победа над Ливерпул, додека Ренџерс загубија со 4:0 од Ајакс во својот прв меч во Лигата на шампионите по една деценија.

Можете да прочитате

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс