Утрински Весник
Свет

Целосен прекин со работа на најголемата нуклеарна централа во Европа

Целосен прекин со работа на најголемата нуклеарна централа во Европа

Рaботата во украинската нуклеарна централа Запорожје, која е под контрола на руските сили, е целосно прекината како безбедносна мерка, соопшти утрово Енергоатом, државната агенција задолжена за електраната.

dobivaj vesti na viber

Електраната Запорожје беше „целосно затворена“ откако агенцијата го исклучи реакторот 6 од мрежата во 3:41 часот, се вели во соопштението. Во тек се подготовките за негово ладење и пренесување во ладна состојба.

Во средата Киев ги повика жителите на руската област околу електраната, најголемата во Европа, да се евакуираат заради сопствена безбедност.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за гранатирање нуклеарна централа, што се заканува со нуклеарна катастрофа. Украинскиот претседател Володимир Зеленски повика на демилитаризација на околината.

Енергоатом објави дека постои висок ризик од натамошно оштетување на електричната мрежа што ја снабдува електраната, поради што централата ќе мора да премине на „напојување со дизел генератори“, што е ограничено со „количината на достапно дизел гориво“.

„Затоа, беше донесена одлука да се исклучи реакторот 6 и да се стави во најбезбедна состојба“, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

На сила стапи договорот за прекин на огнот во Либан

Еден ден по несреќата во Црвеното Море пронајдени се пет преживеани

НАТО: Поддршката за Украина продолжува