Утрински Весник
Свет

Има загинати во силниот земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

Има загинати во силниот земјотрес во Папуа Нова Гвинеја

Најмалку три лица загинаа во земјотресот со јачина од 7,6 степени што ја погоди Папуа Нова Гвинеја.

dobivaj vesti na viber

Според локалните власти, земјотресот се случил утрово, има повредени, а оштетена е и инфраструктурата.

Трите лица загинале во лизгање на земјиште во градот Вау.

Директорот на Центарот за катастрофи во провинцијата Мороб, Чарли Масанж, изјави дека се уништени здравствени установи, домови и патишта и додаде дека може да биде потребно извесно време за да се процени штетата.

https://www.youtube.com/watch?v=sXq_jOcOSgI

Можете да прочитате

Русија е закана за Европа и светот, смета Унгарија

Зеленски го одликува Маск со украинскиот Орден на слободата

Обид за напад со напалм врз украинска фабрика за дронови во Словачка