Утрински Весник
Свет

Украинската војска напредува кон Лисичанск

Украинската војска напредува кон Лисичанск

Сергиј Хајдај, украинскиот гувернер на областа Луганск, која е целосно под контрола на руските сили, изјави дека украинските сили напредуваат кон предградието на Лисичанск.

dobivaj vesti na viber

Хајдај изјави дека жителите виделе украински војници во близина на предградијата.

Како што рече, во текот на ноќта, украинските војници го подигнале украинското знаме над Кремин, град во близина на Северодоњецк. Тој додаде дека „руските окупатори и нивните соработници масовно ги напуштаат населените места во регионот на Луганск“.

Во меѓувреме, Олександр Журављов, украинскиот градоначалник на окупираниот Лиман во источниот регион Доњецк, за телевизијата Суспилна изјави дека украинските сили водат жестоки битки со руската армија во предградијата.

Можете да прочитате

Марта Кос: Албанија затвора уште едно поглавје, со Молдавија и Украина отвораме по две

Дронови нападнаа бродови кај Бугарија, еден потона

Киев нападнат со балистички ракети, експлозии во Лавов, Запорожје и Харков; Москва нападната со над 400 дронови