Утрински Весник
Македонија

Кавадарчанец пронајден мртов со видливи изгореници по телото

Кавадарчанец пронајден мртов со видливи изгореници по телото

На 08.09.2022 во 10.30 часот во ОВР-Кавадарци М.М (49) од Кавадарци пријавил дека се шири непријатен мирис од соседната куќа, во која сам живеел неговиот чичко И.М. (70) од Кавадарци.

dobivaj vesti na viber

Полициски службеници излегле на лице место и бидејќи влезната врата била заклучена, во координација со ТППЕ Кавадарци, била отворена вратата и во куќата е пронајдено телото на И.М.

Од Итна медицинска помош е констатирана смрт со видливи изгореници на телото.

По наредба на јавен обвинител од Кавадарци, телото е предадено на обдукција на Институт за Судска медицина –Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Измамен гостиварец за 1200 евра, сакал возачка без да полага

Жена тешко повредена откако паднала во градски автобус

Три пожари до 14:00 часот, активни се два