Утрински Весник
Македонија

Стоилковски: Бидејки Заев е убеден во поддршката на 75 отсто, ајде на избори и референдум да ја измериме вредноста

Стоилковски: Бидејки Заев е убеден во поддршката на 75 отсто, ајде на избори и референдум да ја измериме вредноста

Додека Македонија се уште е во непремостлива поделеност од предавството и се дави во асимилација заради лажно добрососедството, творецот на двете катастрофи, Зоран Заев е убеден дека 75 отсто од народот ги поддржувал овие обезличувачки, предавнички и асимилаторски зафати, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

dobivaj vesti na viber

„Бидејќи газдата на Ковачевски и на Пендаровски и творецот на сите предавства Заев е убеден во поддршка од 75%, ајде најскоро на терен да ја измериме вредноста и во ист ден да се распишат референдум, предвремени парламентарни и претседателски избори“, наведе Стоилковски.

Претходно денес, експремиерот Зоран Заев изјави дека над 75 проценти од граѓаните се против инцијативата за референдум за раскинување на договорот со Бугарија.

Можете да прочитате

Савески од Сараево: Организираниот криминал не познава граници, мора да одговориме заеднички

Тошковски: Жртвата мора да биде во центарот на секоја полициска интервенција

Светот се бори за бакар, Македонија има рудник што може да го крене БДП