Утрински Весник
Свет

(Видео) „Газпром“ објавил видео со порака до Европа: „Зимата ќе биде долга“

(Видео) „Газпром“ објавил видео со порака до Европа: „Зимата ќе биде долга“

Руски „Газпром“ објави видео во кое и се заканува на Европа со недостиг на гас оваа зима, пренесуваат медиумите во регионот.

dobivaj vesti na viber

Видео кое кружи на социјалните мрежи, анализираат медиумите, покажува како работник го исклучува снабдувањето со гас, а барометарот покажува дека притисокот паѓа на нула.

Снимките, стои во написите, се придружени со руската песна „Winter will be long “, која ја содржи репликата: „Види, преку реката, есента тивко умира… А зимата ќе биде долга, само самрак и снег“. Автор на песната е познатиот руски поет Јуриј Визбор, а верзијата што се појавува во спотот ја пее неговата внука Варвара Визбор, наведуваат агенциите.

Видеото вклучува и снимки од Брисел, Берлин, Париз и Лондон под снег и мраз, како и знамињата на Европската Унија. Видеото, според написите, било објавено на 5 септември.

Според новинарските анализи, на 2 септември „Газпром“ објави дека е откриено истекување при рутинско одржување во единицата на компресорската станица Портоваја, што значи дека гасоводот ќе биде целосно исклучен додека не се реши проблемот.

Според портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, западните санкции се единствената причина за целосно прекинување на снабдувањето и затворање на гасоводот Северен тек 1.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен на крајот на август потврди дека складиштата за гас во Европската Унија се полни 80 отсто, што е подобро од очекуваното.

Можете да прочитате

Два брода со мигранти се превртеа кај Мадагаскар, 25 лица загинаа

Обилни снежни врнежи во Турција – затворени училишта и спасени стотици граѓани

Хамнеи: Смртна казна за израелските лидери, не само апсење