Утрински Весник
Свет

Мобилна апликација може да детектира ковид според анализа на гласот

Мобилна апликација може да детектира ковид според анализа на гласот
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Апликација за мобилни телефони може со висока прецизност да детектира заразеност со Ковид-19 преку анализа на гласот, тврдат научниците.

dobivaj vesti na viber

Се работи за модел на вештачка интелигенција со 89 отсто точност. Како што се појаснува, цената не е висока, па може да се користи и во земји со ниски приходи каде ПЦР тестовите се скапи.

Резултатите се добиваат за помалку од една минута.

Технологијата е развиена врз основа на податоци од апликацијата „Ковид-19 Саундс“ на Универзитетот Кембриџ, јави Скај њуз.

Вклучени се 893 аудио снимки на 4.352 здрави и болни лица. Тие дале податоци за својата историја на болести, навеле дали се пушачи, а потоа ги снимале своите респираторни звуци како кашлање и читале кратки реченици.

Можете да прочитате

Будимпешта го блокира годишниот документ за проширување на ЕУ поради Украина

Силни безбедносни гаранции од Европа и САД се услов за мировен договор, порача Зеленски

Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија