Утрински Весник
Спорт

Заврши Евробаскетот за Немања Недовиќ

Барди со Трабзон против Звезда, Монако и Ференцварош

Репрезентативецот на Србија, Немања Недовиќ, поради повреда го заврши настапот на Европското првенство во кошарка. Играчот на Црвена звезда се повреди синоќа против Израел.

dobivaj vesti na viber

Недовиќ не играше во квалификацискиот прозорец на ФИБА за СП, потоа се врати во тимот, одигра добро на дуелот со Финска, но во првото полувреме од дуелот со Израел доживеа удар кој, извесен период ќе го одвои од кошаркарските терени.

Недовиќ има раптура на листот на ногата.

Против Израел се повреди и Владимир Лучиќ. Тој го напушти теренот во третиот период, но од српскиот тим информираат дека не играл од претпазливост и дека со него се е во ред.

Српскиот селектор, Светислав Пешиќ, има проблеми со ростерот. Вања Маринковиќ ги пропушти последните два натпревари, а центарот Никола Милутинов се уште нема одиграно ниту една секунда на ова ЕП.

Србија, во групата има четири победи, а утре во последното коло ќе игра против Полска.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ