Утрински Весник
Македонија

(Видео) ВМРО-ДПМНЕ повика на поддршка на референдумот за поништување на договорот со Бугарија

Барди со Трабзон против Звезда, Монако и Ференцварош

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги повика јавноста, експертите, политичките партии и граѓанските организации во целост да се приклучат кон иницијативата и да го поддржат Референдумот за поништување на договорот со Бугарија.

Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, упати порака до СДСМ да не тактизираат со народната волја, и да покажат минимум демократски капацитет и да повикаат на излезност на Референдумот.

„Оваа иницијатива за Референдум е целосно европска бидејќи се спротивставува на негаторските политики и постапки кои Бугарија ги насочува кон Македонија од аспект на јазикот, културата и идентитетот. По спроведените детални консултации со експерти од областа на Уставното право, коалиционите партнери и телата на партијата донесена е одлука прашањето да гласи: Дали сте за напуштање на важноста на Закон за ратификација на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија објавен во Службен весник бр: 12/2018 од 18.01.2018 година?“, рече Мицевски.

Образложи дека постапката ќе ја отпочнат со собирање на 100 потписи за почеток на граѓанска иницијатива која ќе ја достават до Собранието, а со цел овозможување на постапка за собирање на 150 илјади потписи од страна на граѓаните на Македонија.

„Сувереноста на државата произлегува од граѓаните и ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија го почитува и засекогаш ќе го применува тој принцип. Овој Референдум е само можност за граѓаните да го кажат својот став. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ и пратеничката група останува ист. Ние нема да прифатиме и поддржиме промена на Уставот, со цел бугаризација на Македонија. Затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ останува на линија на одбрана на македонските национални интереси“, рече Мицевски.

Можете да прочитате

Хаос во емисија: Боки 13 и Рускоска разменија обвинувања во живо пред јавноста

Арсовска: Град Скопје ја казни „Адријус“ за див приклучок, се чека на ОЈО и МВР

Собранието се штити од граѓаните: Нов закон забранува протести и дронови околу парламентот