Утрински Весник
Свет

Силен земјотрес во североисточен Авганистан, најмалку осум лица загинаа

Силен земјотрес во североисточен Авганистан, најмалку осум лица загинаа

Најмалку осум лица загинаа во земјотресот во северен Авганистан, но бројот на жртви може да се зголеми, изјавија официјални лица за државната новинска агенција Бахтар.

dobivaj vesti na viber

– Вечерашниот земјотрес предизвика финансиски и човечки загуби во провинцијата Кунар – изјави Мавлави Наџибула Ханиф, директор на Информативно-културниот центар во Кунар.

Американскиот геолошки институт соопшти дека земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во раните утрински часови недалеку од градот Џалалабад во источниот дел на Авганистан.

Авганистан сè уште се опоравува од силниот земјотрес во кој во јуни загинаа повеќе од 1.000 луѓе на истокот на земјата,пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Руски напад врз Одеса и пристаништето на Дунав во близина на Романија

Во конфликтот со Иран досега ранети околу 200 американски војници, десет од нив со тешки повреди 

Европа со јасна порака до Трамп: Сам реши го проблем, ова не е наша војна