Утрински Весник
Македонија

Пронајден хероин и амфетамин, приведени две лица во Гевгелија

Пронајден хероин и амфетамин, приведени две лица во Гевгелија

Синоќа во 15.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(46) и Ј.Р.(43), двајцата од Гевгелија.

dobivaj vesti na viber

При преглед на патничко моторно возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени 27 пакувања со хероин, а при преглед на Ј.Р., која била сопатник во возилото, бил пронајден амфетамин.

За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, се изведуваат докази на одбраната

Во Собранието опозициски пратенички прашања

Одбележување на Денот на Македонската академија на науките и уметностите