Утрински Весник
Спорт

Антони со гол во дебито на „Олд Трафорд“, Јунајтед ја прекина победничката серија на Арсенал

Антони со гол во дебито на „Олд Трафорд“, Јунајтед ја прекина победничката серија на Арсенал
Dik 300x250 mk

Во дерби во кое пред десетина година се одлучуваше приматот во англискиот фудбал, Манчестер јунајтед стигна до 3:1 победа над Арсенал на „Олд Трафорд“, нивна четврта последователна победа во низа за прекин на победничката серија на Арсенал.

dobivaj vesti na viber

Ерик Тен Хаг реши да го стартува мечот со новото засилување од 100 милиони евра, Антони како стартер и повторно со Кристијано Роналдо на клупата, но први топката во мрежата ја сместија гостите, кога Габриел Мартинели во 12. минута постигна прекрасен гол. Меѓутоа, во уште една контроверзна ВАР-одлука во англискиот фудбал, голот беше поништен поради претходниот фаул на Мартин Одегард над Кристијан Ериксен.

Во 35. минута од мечот, по одличното проигрување од Маркус Рашфорд, Бразилецот Антони доби шанса да го постигне својот прв гол во дресот на Јунајтед на воодушевување на „Олд Трафорд“.

Во второто полувреме, „топчиите“ ја преземаа контролата на играта и во 60. минута заслужено дојдоа до израмнување преку Букајо Сака. Меѓутоа „ѓаволите“ се вратија бргу во 66. минута по одличната асистенција на Бруно Фернандеш, Рашфорд не згреши. Во 75. минута, повторно по една интелигентна топка од Фернандеш, Рашфорд стави точка на мечот за 3:1 водство.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-41886”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен