Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Трамп за Бајден: Тој е или луд или дементен

Трамп за Бајден: Тој е или луд или дементен
300x250 opst2

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека актуелниот американски претседател Џо Бајден е или луд или дементен откако сегашниот лидер го нарече Трамп екстремист.

dobivaj vesti na viber

Претходно денеска, во обраќањето до нацијата пред среднорочните избори во ноември, Бајден рече дека Трамп и поддржувачите на движењето „Направи ја Америка повторно голема“ претставуваат екстремизам, што е закана за САД.

Тој нагласи дека ги почитува конзервативните републиканци, но дека оние што го поддржуваат споменатото движење ја уништуваат демократијата повикувајќи го народот да гласа и да се бори за спас на САД.

„Ако ги видите зборовите и значењето на чудниот и лут говор на Бајден вечерва, тој ѝ се закани на Америка, вклучително и потенцијална употреба на воена сила. Мора да е луд или во поодмината фаза на деменција“, напиша Трамп на социјалните мрежи.

Трамп додаде дека некој треба да му објасни на Бајден дека ако не сака повторно да ја направи Америка голема, тогаш, дефинитивно, не треба да ги претставува Соединетите Американски Држави.

Можете да прочитате

Уапсен руски милијардер поради серија убиства

Тунижанец осуден на смрт поради статус на Фејсбук

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот