Утрински Весник
Свет

Шојгу: Она што го прави Украина е нуклеарен тероризам

Шојгу: Она што го прави Украина е нуклеарен тероризам

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека украинското гранатирање на нуклеарната централа Запорожје го зголемува ризикот од нуклеарна катастрофа во Европа.

dobivaj vesti na viber

Шојгу ја обвини Украина за „нуклеарен тероризам“ и ги отфрли тврдењата на Киев и Западот дека Русија доставила тешко оружје до најголемата европска нуклеарна централа на југот на Украина, која е под руска контрола од март.

„Немаме тешко оружје во електраната или во околината. Се надевам дека Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) ќе се увери во тоа“, рече Шојгу во соопштението објавено од Министерството за одбрана.

Тој додаде дека Киев „создава реална закана од нуклеарна катастрофа“ и дека ја напаѓа електраната со оружје што и го доставува Западот.

Шојгу тврди дека Украина истрелала 120 гранати и извршила 16 напади со беспилотни летала камикази во изминатите шест недели. „Тоа не е ништо друго освен нуклеарен тероризам“, рече Шојгу, кој ги обвини САД и ЕУ дека „охрабруваат такви „непромислени акции“.

Можете да прочитате

Роботакси „украло“ куфери, возилото Waymo отиде во друг град со багажот на патниците

Удвоен бројот на случаи на хантавирус во Аргентина

Директорот на СЗО: Ова не е нов Ковид