Утрински Весник
Македонија

(Видео) Трипуновски: Ковачевски и Николовски го уништија АД Водостопанство, трет месец по ред над 500 вработени немаат земено плата

(Видео) Трипуновски: Ковачевски и Николовски го уништија АД Водостопанство, трет месец по ред над 500 вработени немаат земено плата

„Димитар Ковачевски и Љупчо Николовски ги уништуваат институциите во државата. Трет месец по ред над 500 вработени од АД Водостопанство немаат земено плата и се без здравствено и пензиско осигурување. Додека Ковачевски и Николовски шетаат и трошат народни пари, над 500-тини семејства едвај преживуваат“ обвини на денешната прес-конференција Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Тој посочува дека „во време кога има двоцифрена инфлација, скапа струја и нафта, Ковачевски и Николовски оставаат 500 семејства без основна животна егзистенција. Помеѓу овие вработени има лица кои имаат потреба од медицинска помош и им е потребно здравствено осигурување, лица кои имаат кредити, а веќе доцнат со исплата на рати, и лица кои имаат деца кои што чекаат храна од своите родители“.

„Дополнително, според информациите кои што ги добивам од голем број на вработени во претпријатието, претпријатието нема основни средства за работа, нема резервни делови и нафта кои се неопходни за непречено функционирање на истото, и ова е сериозен проблем. Состојбата во АД Водостопанство е алармантна и е потребно е веднаш да се реагира“ вели Трипуновски.

Можете да прочитате

Тошковски: Ќе се прекине партизацијата во МВР, ќе има маалски полицајци

Зголемена фреквенција на возила по патиштата, на граничните премини нема подолги задржувања

Ана Михајлов нова в.д. директорка на Агенцијата за европски образовни програми, Богојески разрешен