Утрински Весник
Македонија

Спречен обид за криумчарење на златен и сребрен накит на ГП Богородица

Спречен обид за криумчарење на златен и сребрен накит на ГП Богородица

Вчера во вечерните часови, царинските инспектори од мобилните тимови од Одделението за оперативни работи на Царинската управа, во камион на влез во државата на граничниот премин Богородица, откриле случај на криумчарење на златен и сребрен накит, информираат од Царината.

dobivaj vesti na viber

Оттаму појаснуваат дека при спроведената детална контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, кое пренесувало стока од Турција, во празнина позади инструмент таблата во возачката кабина, се пронајдени непријавени кеси во кои имало 573 грама златен накит и 2.408 грама сребрен накит.

Стокaта е привремено задржана и предметот е предаден на Одделението за истраги за понатамошна постапка, се вели во соопштението.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: И Фрчкоски се опари од Еразмус+, што одработил за СДС за 200 илјади евра кои, наместо кај младите, завршиле кај него

На „Табановце“ и „Богородица“ за излез се чека од половина час до 40 минути

Подгответе се, следуваат поројни дождови и изолирана појава на град