Утрински Весник
Свет
Img 7972

Макрон: Мора да се подготвиме на долготрајна војна, дијалогот со Русија треба да продолжи

Макрон: Мора да се подготвиме на долготрајна војна, дијалогот со Русија треба да продолжи
Img 7972

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека е за продолжување на дијалогот со Русија за да се спречи ескалација на конфликтот во Украина, но во исто време вети безрезервна поддршка на Киев во потенцијално „долгата војна“.

dobivaj vesti na viber

Макрон беше критикуван од Украина и од источноевропските сојузници, бидејќи тие ја гледаа неговата политика како двојна – од една страна, тој го поддржуваше Киев по рускиот напад, но од друга страна, одржуваше дијалог со неговиот руски колега Владимир Путин, пренесува „Ројтерс“.

„ Мора да се подготвиме за долготрајна војна“ рече Макрон.

Тој додаде дека Франција ќе продолжи да го поддржува Киев на економски, воен и хуманитарен план, но предупреди дека еден од клучните предизвици ќе биде воспоставувањето на европско единство во лицето на Русија.

„ Европското единство е клучот, бидејќи поделбата е една од целите на руското војување“, рече Макрон.

Тој нагласи дека разговорот со Москва е императив за да се избегне влошување на конфликтот во Украина, но и за да се воспостават услови за постигнување мир преку преговори, за што, како што рече, само Украина може да одлучи.

„ Франција ќе продолжи да разговара со Русија. Кој сака Турција да биде единствената сила во светот која продолжува да разговара со Русија?“, праша Макрон.

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација