Утрински Весник
Спорт

Замената за Фофана пристигна во Лестер

Замената за Фофана пристигна во Лестер

Лестер во финишот на преодниот рок донесе играч на местото на Весли Фофана, кој за 80.000.000 евра се пресели во Челси.

dobivaj vesti na viber

За новиот дефанзивец „лисиците“ издвоија четири пати помалку пари. Станува збор за 24-годишниот Вут Фас од Ремс, кој потпиша петгодишен договор.

Белгиецот го чинеше Лестер 20.000.000 евра.

Фас пред четири години од Остенде се пресели во Ремс. Тогаш францускиот тим како обесштетување издови само 300.000 евра.

Вут Фас годинава дебитира за Белгија, а како сега стојат работите, тој ќе биде на списокот за СП во Катар.

Можете да прочитате

Во Босилово отворен првиот терен од глобалниот проект на FIFA во Македонија

Барселона против Реал до 29. шампионски трофеј во Шпанија

Мицкоски на отворањето на „Плазма – Спортските игри за млади“: Спортот е иднината на Македонија