Утрински Весник
Свет

20 годишен Американец е во кома по 20.000 убоди од пчели

20 годишен Американец е во кома по 20.000 убоди од пчели

20 годишен Американец е во кома откако бил искасан 20.000 пати од „пчели убијци“, објавило во средата неговото семејство.

dobivaj vesti na viber

Остин Белами е на респиратор и е во индуцирана кома во Универзитетската болница во Синсинати, Охајо, објави локалната телевизија Фокс 19, пренесува Вечерњи лист.

Човекот во петокот наутро кроел лимон кога без да забележи исекол кошница од пчели убијци.

Овие инсекти, наречени и африкански пчели, се многу агресивни. Пчелите ги нападнале и неговата баба и вујко, кои биле во близина, па не можеле да му помогнат. Младиот човек бил искасан повеќе од 20.000 пати и проголтал околу 30 пчели. Болничарите ги извадиле пчелите од него до недела наутро, пренесува медиумот.

Лекарите веруваат дека тој целосно ќе закрепне, објави телевизијата.

Можете да прочитате

Макрон разговарал со Пезешкијан за Ормуска Теснина

Американските сили онеспособија ирански танкер во Омански Залив

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут