Утрински Весник
Македонија

Ковачевски: Среќен почеток на новата учебна година

Шаќири: Учебната години ја стартуваме поподготвени, наставниците добиваат 15 отсто повисока плата

Премиерот Димитар Ковачевски на сите ученици им посака среќен почеток на новата учебна 2022/23 година.

dobivaj vesti na viber

„Драги првачиња, драги ученици, пред вас е првиот училиштен ден од новата учебна година. Ви посакувам успешен почеток, да стекнете многу нови знаења и вештини и секако ви посакувам многу нови другарства кои ќе траат цел живот. Верувајте во себе, прашувајте, преиспитувајте, истражувајте и бидете креативни, бидејќи детството и младоста се периодот кои се клучни за понатамошниот личен развој. Бидете другари и помагајте им на оние кои не можат да постигнат сѐ сами.

Честитки и за родителите и старателите чии деца за првпат оваа учебна година седнуваат во училишните клупи во основните и средните училишта. Со вложувања и реформски процеси, ние како Влада интензивно работиме на подобрување на образовниот систем во Република Северна Македонија, со што обезбедуваме квалитетно и достапно образование за секое дете. Со вработување на образовни асистенти им даваме поддршка и вклучување во редовната настава на децата со посебни потреби. Градиме нови училишта ги реконструираме и модерно опремуваме веќе постоечките и го модернизираме нашето образование.

Честитки и до наставниците за првиот ден од новата учебна година. Вие сте клучот за квалитетно образование. Од вашиот ангажман, зависат постигнатите резултати кај учениците. Затоа бидете нивна поддршка, инспирација и поттик во создавањето на индивидуи кои утре ќе бидат движечката сила и умот на државата.

Продолжуваме и понатаму да го јакнеме наставниот кадар за кој од септември предвидовме покачување на платите, но и континуирани обуки за новите наставни програми. Вложувањето во образованието значи директна инвестиција во економскиот раст и просперитетот на Република Северна Македонија ”, вели Ковачевски.

Можете да прочитате

Мицкоски: Ја подржувам идејата за проширување на „Безбеден град” во други градови

Халата за лесна индустрија станала клуб без знаење на сопственикот, тврди одбраната

Тодор продавал карти, но немал право да легитимира или контролира влез вели одбраната