Утрински Весник
Свет

Тимот на МААЕ пристигна кај нуклеарката во Запорожје

Тимот на МААЕ пристигна кај нуклеарката во Запорожје

Инспекцискиот тим на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) пристигна во градот кај Запорожје на југот на Украина, со цел да изврши увид во нуклеарната централа која беше цел на гранатирање во последните денови.

dobivaj vesti na viber

Агенцијата Ројтерс наведува дека инспекторите најверојатно ќе преноќат таму пред утре да ја посетат нуклеарната централа на територијата под контрола на Русија.

Официјални лица стационирани од Русија во областа во близина на централата посочија дека посетата може да трае само еден ден, додека претставниците на МААЕ и Украина најавија дека ќе трае подолго.

Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, изјави дека мисијата ќе помине неколку дена во близина на нуклеарната централа Запорожје во Украина.

„Конечно, ситуацијата се менува по шест месеци напор. Имаме многу важна задача овде да ја процениме реалната ситуација и да помогнеме да се стабилизира ситуацијата што е можно повеќе“ – рече Гроси.

Можете да прочитате

Поранешниот шеф на МИ6, сер Алекс Јангер, тврди дека Путин „се преигра“ со Трамп

МО на Велика Британија: Руските загуби во војната надинуваат еден милион лица

Стејт департментот отпушта 1.300 вработени