Вчера од страна на полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце било констатирано непочитување на законите кај два автобуси кои вршеле меѓународен превоз на патници.
При контрола на автобусите со струшки регистарски ознаки, управувани од Ц.П.(41) од с.Ложани, струшко и А.И.(33) од с.Франгово, струшко, било констатирано дека вршеле меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.
Од страна на Државниот инспекторат за транспорт изречени се соодветни санкции за возачите и правните лица, соопшти МВР.