Утрински Весник
Свет

Русија: САД продолжуваат со провокациите во Тајванскиот теснец

Русија: САД продолжуваат со провокациите во Тајванскиот теснец

„Преминот на двата брода на американската морнарица на 28 август низ водите на Тајванскиот теснец го гледаме како нова провокација, како дел од синџирот провокации насочени кон сеопфатно ограничување на Пекинг, како вршење на дополнителен притисок врз него и дестабилизирање на ситуацијата во регионот воопшто“, изјави портпаролката на руското Министерство, Марија Захарова.

dobivaj vesti na viber

Таа нагласи дека ваквото однесување на САД очигледно не придонесува за зајакнување на безбедноста во азиско-пацифичкиот регион, туку го прави покомплексен и непредвидлив, јави ТАСС.

Источната команда на Народноослободителната војска на Кина на 28 август соопшти дека придружувала два американски крстосувачи и целосно ги контролирала нивните активности за време на нивниот премин низ Тајванскиот теснец, пишуваат медиумите во светот.

Во написите стои дека воената морнарица на САД прави такви патувања околу еднаш месечно, што го налути Пекинг, кој ова го смета за знак на поддршка за Тајван, остров кој Кина го смета за своја територија.

Можете да прочитате

Канал 12: Нетанјаху му ветил на министерот Смотрич, по 60-дневниот прекин на огнот во Газа, ќе се врати во војната за да го уништи Хамас

Иранскиот министер за надворешни работи го исмејува Нетанјаху: Што точно тој пуши?“

Израелски сили уапсија голем број Палестинци при рации на Западниот Брег