Утрински Весник
Свет

Тајван со порака до Пекинг: Ќе го искористиме правото на самоодбрана

Тајван со порака до Пекинг: Ќе го искористиме правото на самоодбрана

Тајван соопшти дека ќе го искористи своето право на самоодбрана и контранапад доколку кинеските вооружени сили влезат на негова територија, пренесуваат светските агенции.

dobivaj vesti na viber

Според написите, Пекинг неодамна организираше воени вежби во близина на Тајван како одговор на посетата на Тајпеј од страна на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.

Тајван тврди дека кинеските поморски патроли во близина на островот сè уште се со висок интензитет, пренесува Ројтерс.

Војската ќе го искористи правото на самоодбрана и контранапад против авионите и бродовите кои влегуваат во нашиот воздушен и морски простор, изјавил заменик-началникот на Генералштабот на Тајван, Лин Вен Хуанг.

Можете да прочитате

Кинеска уапсена на аеродромот Фјумичино во Рим со пет килограми кокаин

Најмалку 547 мртви во поплавите во Непал и Тибет

ОН: Речиси половина од анкетираните домаќинства во Газа се изјасниле дека си легнуваат гладни