Утрински Весник
Македонија

Приведец крадец во Штип

Приведец крадец во Штип

Вчера во 08.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода Д.М.(33) од Штип, кој се сомничи дека ноќта помеѓу 27 и 28.08.2022 во Штип, со употреба на алат од продажен објект одзел повеќе предмети, а на 28.08.2022 во периодот од 16 до 17 часот на ул„Маршал Тито“ во Штип од незаклучено возило „мерцедес“, сопственост на П.М.(37) од Штип, одзел повеќе предмети.

dobivaj vesti na viber

Исто така, на 08.08.2022 одзел предмет од продажен објект во Штип.

Дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето било задржано во полициска станица, соопшти полицијата.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можете да прочитате

Средба Сали – Лосон, истакнато значењето на стратешкото партнерство со Обединетото Кралство

Миноски: Политиката денес е сведена на „приватна фирма“ за лични интереси

Претставата на Драмски театар „Мачкина глава“ ќе го отвори јубилејниот, 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп