Утрински Весник
Свет

Тони Блер: Руската агресија е шокантна, но ја обедини Европа

Тони Блер: Руската агресија е шокантна, но ја обедини Европа

Војната во Украина ја обедини Европа, изјави денеска на 17. Бледски стратешки форум Тони Блер, извршен претседател на Институтот за глобални промени и поранешен премиер на Велика Британија, посочувајќи дека на Украина треба да и се даде се што и треба за да се справи со руските агресија.

dobivaj vesti na viber

– Тој чин на агресија е шокантен, но ја обедини Европа и државите ќе се држат заедно. Во овој случај ја вклучувам Британија како дел од Европа. Ќе останеме заедно и оваа агресија нема да успее – рече Блер.

Тој додаде дека на Украина треба да и се даде се што и треба – пари, оружје за да се одбрани.

Тој исто така рече дека конфликтот во Украина врши голем притисок врз Русија, од која од почетокот на конфликтот заминаа милиони луѓе.

Тој посочува дека се надева оти наскоро ќе биде постигнат мировен договор и додава дека дотогаш Европа мора да ја поддржи Украина и да и даде се што и треба.

Зборувајќи за Брегзит, Блер рече дека Велика Британија се одлучила за тоа пред неколку години, и дека тоа и го соопштиле на Унијата, но истакна дека иако можат да имаат поинаква политика кон Унијата, не можат да ја променат географијата.

– Ние сè уште припаѓаме на Европа и соработуваме во различни сфери, секогаш ќе бидеме европска нација – рече Блер и додаде дека соработката на Велика Британија со ЕУ е неопходна, пренесе Блиц.рс.

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел