Утрински Весник
Свет

Песков: Ако ЕУ воведе визи за Русите, Москва ќе одговори

Песков: Ако ЕУ воведе визи за Русите, Москва ќе одговори

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги осуди плановите на ЕУ да ги смета визните ограничувања за руските граѓани како „лудост“ и нагласи дека Москва ќе одговори доколку тие планови се остварат, пренесува ТАС С.

dobivaj vesti na viber

„Секој потег на Брисел и другите европски престолнини покажува целосен недостаток на секаква смисла“, рече Песков запрашан за коментар за плановите на ЕУ за дискусија на оваа тема.

Сите цели на специјалната операција во Украина ќе бидат остварени

Специјалната операција во Украина се одвива според плановите и сите цели ќе бидат постигнати, изјави денеска портпаролот на Кремљ.

На прашањето дали Москва е загрижена од изјавите на рускиот претседател Володимир Зеленски дека Украина ќе ги врати сите територии што ги смета за свои, тој рече дека „специјалната воена операција“ продолжува методично и во согласност со постоечките планови, пренесува РИА Новости.

Портпаролот на Кремљ нагласи дека идејата на европските земји да забранат шенген визи за Русите, доколку се имплементира, нема да остане без одговор, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад

Трамп го претстави специјалниот пасош со својот лик