Утрински Весник
Свет

Шведска: Над 46 милиони долари воена помош за Украина

Шведска: Над 46 милиони долари воена помош за Украина

Шведската премиерка Магдалена Андерсон изјави денеска дека Шведска ќе обезбеди дополнителни 500 милиони круни (46,75 милиони долари) воена помош за Украина за да и помогне да се одбрани од руската инвазија.

dobivaj vesti na viber

За време на посетата на украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, Андерсон им изјави на новинарите дека нејзината влада ќе и обезбеди на Украина вкупен дополнителен пакет воена и цивилна помош во вредност од една милијарда круни, пренесува „Ројтерс“.

Кулеба ја повика Шведска да и обезбеди на Украина оружје како хаубици и гранати.

„Се додека трае војната, ќе бараме повеќе оружје. Секое евро, секој куршум, секоја граната, сè е важно“, изјави Кулеба.

Шведскиот премиер не наведе детали за воениот пакет, но рече дека ќе биде сличен на претходниот пакет со кој се испорачува противтенковско оружје, опрема за лична заштита и опрема за чистење мини.

Можете да прочитате

Руските власти прогласија вонредна состојба на северните Курилски Острови, под закана и Шангај

Трамп со ултиматум: За 10 дена од денес Русија да ја запре војната

Земјотрес од 8,8 степени на рускиот полуостров Камчатка, предупредување за цунами во Јапонија и САД