Утрински Весник
Свет

Путин: Земјите од исламскиот свет се традиционални партнери на Русија

Путин: Земјите од исламскиот свет се традиционални партнери на Русија

Земјите од исламскиот свет се традиционални партнери на Русија во решавањето на актуелните прашања од регионалната и глобалната агенда, рече рускиот претседател Владимир Путин во своето обраќање пред учесниците на Глобалниот младински самит во Казан.

dobivaj vesti na viber

„Земјите од исламскиот свет се наши традиционални партнери во решавањето на многу актуелни прашања од регионалната и глобалната агенда, во напорите да се изгради поправеден, подемократски светски поредок. Важно е младите сè поактивно да се вклучат во овој вид на конструктивна, повеќеслојна соработка“ – се наведува во пораката на рускиот лидер, објавена на веб-страницата на Кремљ.

Според него, изборот на Казан за младинска престолнина на Организацијата за исламска соработка го потврдува високото ниво на односи меѓу Русија и таа авторитетна меѓународна структура.

Порака до учесниците на Глобалниот младински самит упати и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во кој изјави дека односите меѓу Русија и земјите членки на Организацијата за исламска соработка напредуваат.

„Подготвени сме да развиваме соработка со нив врз основа на еднаквост и взаемна корист, почитување на културниот и цивилизацискиот идентитет и правото самостојно да ги одредуваме развојните патишта“, рече Лавров.

Можете да прочитате

Калас за прелетот на руски дронови над Полска: Чин што ги загрозува безбедноста на ЕУ, стабилноста и меѓународниот мир 

Почина Чарли Кирк, Трамп нареди знамињата на САД да се спуштат на половина јарбол

Маск повеќе не е најбогатиот човек на светот