Утрински Весник
Свет

Суспендирани двајца пилоти по тепачка во пилотската кабина

Суспендирани двајца пилоти по тепачка во пилотската кабина
Dik 300x250 mk

Двајца пилоти на Ер Франс се суспендирани по тепачка во пилотската кабина на летот Женева-Париз во јуни, изјави во неделата официјален претставник на Ер Франс.

dobivaj vesti na viber

Летот продолжи и авионот безбедно слета, а кавгата не влијаеше на остатокот од летот, додаде службеникот, нагласувајќи дека авиокомпанијата е посветена на безбедноста.

Swiss Tribune објави дека пилотот и копилотот се скарале веднаш по полетувањето, фаќајќи се за јаката откако едниот очигледно удрил во другиот.

Според „Гардијан“, екипажот интервенирал и еден од членовите го поминал остатокот од летот во пилотската кабина со пилотите.

Веста за летот дојде откако француската агенција за истрага на воздухопловни несреќи (БЕА) издаде соопштение во средата, во кое се вели дека некои пилоти на Ер Франс немаат дисциплина кога станува збор за следење процедури за време на безбедносни инциденти.

Извештајот го истакна случајот кога авионот на Ер Франс од Бразавил, Република Конго, до Париз останал без гориво во декември 2020 година, а пилотите ја смениле рутата на авионот, но не го исклучиле моторот и слетале што е можно поскоро.

Авионот безбедно слетал во Чад, но во извештајот на БЕА се вели дека моторот можел да се запали.

Ер Франс соопшти дека истражува.

Синдикатите на пилотите на Ер Франс истакнаа дека безбедноста е приоритет за сите пилоти и ги бранеа постапките на пилотите во итни ситуации,пренесе Денес.рс.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот