Девојче од Италија која била на одмор со родителите починала откако камена статуа паднала врз неа во хотел во Минхен, соопшти денеска германската полиција.
Статуа тешка околу 200 килограми во петокот вечерта паднала врз седумгодишно девојче во дворот на хотелот.
Луѓето на лице место успеале да ја отстранат статуата од детето и да повикаат брза помош, но таа подоцна починала во болница во Минхен.
Се уште не е познато зошто паднала статуата. Од полицијата соопштија дека истрагата е во тек,пренесе Денес.рс.