Утрински Весник
Свет

САД ќе постават амбасадор за Арктикот по зголемената воена активност на Русија

САД ќе постават амбасадор за Арктикот по зголемената воена активност на Русија
Dik 300x250 mk

САД планираат да назначат амбасадор за Арктикот, поради зголемената руска воена активност во тој регион, јавува денеска Би-би-си.

dobivaj vesti na viber

„ Патувачкиот амбасадор ќе биде назначен за подобрување на американската политика во поларниот регион на северот на планетата – најави првиот заменик портпарол на Стејт департментот, Ведант Пател.

Новиот амбасадор ќе работи со седум други арктички држави – Канада, Данска, Финска, Исланд, Норвешка, Шведска и Русија – како и со домородните групи и други сопственици на земјиште, додаде Пател.

Тој рече дека мирот и стабилноста во регионот се од суштинско стратешко значење за Америка и приоритет за американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој наскоро ќе го именува амбасадорот, а потоа таа одлука треба да ја одобри Сенатот.

Со воведувањето на амбасадорот за Арктикот, ќе биде сменет досегашниот американски координатор за Арктикот, дипломатот Џим Дехарт.

Генералниот секретар Јенс Столтенберг вчера предупреди на заканите од Русија во северните поларни региони и изрази загриженост дека Кина може да дојде на Арктикот.

Можете да прочитате

Зеленски: Мора да извршиме заеднички притисок врз Путин за да ја запре војната 

Новиот пакет санкции кон Русија вклучува 69 листи на индивидуални и економски рестриктивни мерки

Северна Кореја тестираше нови суперсонични ракети