Утрински Весник
Македонија

(Видео) Шамбевски: Додека младите едвај врзуваат крај со крај, Зајкова се луксузира и одмара во нејзината викендица во Трница

(Видео) Шамбевски: Додека младите едвај врзуваат крај со крај, Зајкова се луксузира и одмара во нејзината викендица во Трница

Покрај корупцијата и криминалот, очигледно дека и лицемерието е важен епитет за опис на моменталната владејачка структура, изјави Борис Шамбевски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„ По скандалозните видеа на Ковачевски и Зечевиќ од нивната прослава во овој крај, по многуте скандалозни вработувања во последните години од страна на оваа владејачка гарнитура и најновиот случај за непотизам каде што синот на пратеникот Рамчиловиќ се вработи во МВР како полициски службеник, во јавноста излезе информација околу новото место за одмор на младата пратеничка Моника Зајкова.

Додека младите од цела Македонија, а посебно од овој крај се иселуваат, Зајкова го искористила своето влијание да си ја легализира дивоградбата и својата викендичката во Трница.

Очигледно дека не се сите млади исти, функцијата на Зајкова и овозможила комоција на оваа локација и убава викендичка каде што може да одмори од погрешните политики и предавствата. Додека младите едвај врзуваат крај со крај, Зајкова одмора во нејзината викендичка“ рече тој.

Според Шамбевски, од борбата и заложбите на Зајкова за младите ќе остане запаметено нејзиното лицемерие, гласање согласно директивите на Ковачевски и контра волјата на народот.

Можете да прочитате

Батинци потресено од убиство: Одбила да се омажи, тој го застрелал нејзиниот татко припадник на АРМ

Божиновска: Го заштитуваме македонскиот рубин – време е да ја промовираме магијата на нашето минерално богатство

Музичко-сценски спектакл вечер на Антички за отворањето на 65. издание на фестивалот „Охридско лето“