Утрински Весник
Спорт

Ќе остане ли Рикардо во Ф1?

Австралискиот Формула 1 возач, Даниел Рикардо ќе го напушти Мекларен на крајот од сезоната. Рикардо има осум победи во кариерата, последната ја забележа во 2021 година на трката за Големата награда на Италија на патеката Монца.

dobivaj vesti na viber

Тоа беше прва победа на Мекларен по 2012 година, кога Џенсон Батон и Луис Хамилтон ги возеа болидите на овој тим.

Заминувањето на Рикардо од Мекларен не е изненадување, евидентно е дека тој не успеа да се прилагоди на болидот и да ја најде вистинската форма.

Откако тимот објави дека по завршувањето на сезоната спогодбено ќе се раздели до Рикардо, повторно започнаа шпекулациите околу неговиот наследник.

Што се однесува до Даниел Рикардо, неговата иднина во Формула 1 е неизвесна. Како потенцијални дестинации се споменуваат Алфа Ромео, Хас и Вилијамс, но се споменува и Алпин, но и други организации како Индикар или НАСКАР.

Можете да прочитате

Македонските кошаркарки ја пречекуваат Хрватска во последното коло од квалификациите за ЕП 2027

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила