Утрински Весник
Свет

Иран потврди дека го добил текстот на нуклеарниот договор

Иран денеска објави дека преку ЕУ од САД ја добил конечната верзија на текстот на документот за обновување на нуклеарниот договор.

dobivaj vesti na viber

„ Вечерва Иран доби одговор од САД преку Европската унија и тој текст внимателно се разгледува во Техеран. По прегледот, Иран ќе ја сподели својата позиција со ЕУ, како координатор на нуклеарните преговори“, рече портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Насер Канани.

По 16 месеци непредвидливи, индиректни американско-ирански разговори со претставници на ЕУ кои посредуваат меѓу двете страни, шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел, на 8 август рече дека конечната понуда е на маса и се очекува одговор за неколку недели.

Минатата недела Иран испрати дополнителни коментари и ставови за текстот на договорот и ги повика САД да покажат флексибилност во решавањето на трите преостанати прашања, без да прецизира кои прашања.

Можете да прочитате

ФБИ објави фотографии од осомничениот за убиството на Чарли Кирк

Трамп постхумно ќе го одликува Кирк со Претседателски медал на слободата

ФБИ: Ја пронајдовме пушката со која беше затрелан Кирк, имаме и снимки и отпечатоци