Утрински Весник
Македонија

Приведен насилник, кој тепал жени во Скопје

Приведен е скопјанец за физички напади врз жени.

dobivaj vesti na viber

Според информациите, првото кривично дело М.Т.(41) го сторил на 29.11.2020 на подрачјето на Центар, при што физички ја нападнал неговата 40-годишна тогашна партнерка од Скопје. Второто кривично дело го извршил на 24.07.2021 на подрачјето на Карпош упатувајќи закани по животот на 42-годишна жена од Скопје. Третото кривично дело пријавениот го извршил на 09.03.2022 на подрачјето на Центар така што физички ја нападнал неговата 34-годишна партнерка од Скопје нанесувајќи и повреди, а упатувал и закани по нејзиниот живот.

Единицата за насилен криминал-Одделение за семејно насилство при СВР Скопје до ОЈО Скопје против пријавениот поднесе соодветна кривична пријава по брза постапка и тој во текот на денот ќе биде изведен пред надлежен судија.

Можете да прочитате

Комеморација без сите деца? Скандал околу организирањето на одбележувањето во Кочани

Сиљановска-Давкова го прими албанскиот претседател Бегај во Охрид

Филипче од Кочани: Власта има 1.8 милиони евра за кампањи,  но нема средства за семејствата на настраданите во Кочани