Утрински Весник
Спорт

Бензема утре ќе биде прогласен за најдобар во минатата сезона

Утре, во Истанбул, по извлекувањето на групите за Лигата на шампионите, УЕФА ќе ги прогласи најдобрите од минатата сезона. Реалноста вели дека Карим Бензема ќе ја добие наградата за најдобар играч во европските купови за сезоната 2020/2021.

dobivaj vesti na viber

Светските медиуми објавија дека во конкуренција за наградата покрај Бензема останале уште неговиот соиграч Тибо Куртоа и Кевин де Брујне од Манчестер сити.

„Марка“ ја објави листата од четвртото до 15.место.

Листата изгледа вака: Роберт Левандовски (Баерн Минхен/Барселона), Лука Модриќ (Реал Мадрид), Садио Мане (Ливерпул), Мохамед Салах (Ливерпул), Килијан Мбапе (Пари Сен Жермен), Винисиус Жуниор (Реал Мадрид), Вирџил ван Дајк (Ливерпул), Бернардо Силва (Манчестер Сити), Филип Костиќ Ајнтрахт/Јувентус), Лоренцо Пелегрини (Рома), Трент Александар Арнолд (Ливерпул) и Фабињо (Ливерпул).

Церемонијата во Истанбул, в четврток, ќе почне во 18 часот.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина