Утрински Весник
Спорт

КОНМЕБОЛ контра ФИФА

Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), нема да го прифати предлогот на ФИФА за промени во системот на квалификации за пласман на Светското првенство во 2026 година.

dobivaj vesti na viber

Одлуката беше едногласно усвоена од Советот на КОНМЕБОЛ на состанокот во Сантијаго де Чиле. Оваа одлука ќе биде проследена до ФИФА.

Сегашниот систем вклучува 10 репрезентации во една група и вкупно 18 натпревари за секоја селекција.

ФИФА претходно го објави новиот формат, во кој ќе има две групи од по пет репрезентации.

Првите две селекции од секоја група директно би се пласирале на Светското првенство, додека третата и четвртата селекција би играле во плеј-офот, а победникот изборил пласман на Мундијалот.

На Светското првенство во 2026 година во САД, Канада и Мексико ќе учествуваат 48 селекции наместо досегашните 32 репрезентации.

Јужна Америка на Светското првенство годинава во Катар (од 20. ноември до 18. декември) ќе ја претставуваат Бразил, Аргентина, Еквадор и Уругвај.

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет