Утрински Весник
Македонија

За жалбата за супспензијата на Русковска се дебатира зад затворени врати

Поради списите во предметот и заштита на интегритетот на обвинителката Вилма Русковска, Советот на јавни обвинители ја исклучи јавноста додека се разгледува материјалот и се разговара за него. Со двотретинско мнозинство, сите обвинители беа едногласно согласни дека новинарите и невладините треба да ја напуштат седницата.

dobivaj vesti na viber

Во списите кои ги добил Советот на јавни обвинители, ја има кривичната пријава против Русковска поради која е супспендирана, но и преписки кои обвинителката ги имала.

Детали од жалбата на Русковска не се откриваат. Жалбата беше поднесена во минатата недела, а Русковска е убедена дека ги побива сите аргументи на Јовески со кои ја суспендираше.

Како причина за супспензијата беше наведено тоа што против Русковска се води кривична постапка, а по поднесена кривична пријава од Финансиската полиција за претресот, кој не бил направен согласно закон.

За Русковска, нејзиното суспендирање значи и суспендирање на правото и правдата во државата. Таа кажа дека ваквата одлука е притисок врз неа, кој ќе влијае и на колегите кои водат случаи за висока корупција

Можете да прочитате

Влада: Оддаваме почит на сите невини жртви од геноцидот во Сребреница 

Нормализиран сообраќајот за камиони кон „Блаце”, на „Табановце“ се чека околу 30 минути

Повторно одложено судското рочиште за случајот Веапоска на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето