Утрински Весник
Македонија

Владата го разреши државниот правобранител Фехми Стафа

На предлог на Комисијата за кадровски прашања, Владата на денешната седница донесе неколку кадровски решенија.

dobivaj vesti na viber

Ја прифати оставката на Арафат Муареми и го разреши од должноста в.д директор на Управата за Финансиска полиција, орган во состав на Министерството за финансии.

Горан Иванов, го именува за в.д. директор на Управата за Финансиска полиција.

Во рамки на точката за кадровски прашања, на предлог на Комисијата, Владата го разреши Фехми Стафа од функцијата Државен правобранител на Република Северна Македонија и донесе Одлука за распишување оглас за именување на нов Државен правобранител.

Можете да прочитате

Костадинов: Вечерашната одлука на СДСМ е чекор напред и простор за вистинска промена

Возачите преку апликација најдоа начин како да ги избегнат казните

Раководството и сите членови на Извршниот одбор поднесоа оставки, СДСМ внесува нова енергија