Утрински Весник
Македонија

Превозот на стоки меѓу Македонија и Украина ќе се врши без дозволи

На денешната владина седница, беше усвоена Информацијата во која Министерството за транспорт и врски на Македонија и Министерството за инфраструктура на Украина се договорија превозниците на двете држави превозот на стока во патниот транспорт, во билатерала и транзит да го вршат без дозволи до крајот на годината, по принципот на реципроцитет за двете земји.

dobivaj vesti na viber

„ Во време на воена состојба во Украина ова е еден чекор кон олеснување на транспортот на македонските и украинските транспортери во двата правци со цел полесно пристигнување на храна, лекови, гориво кон крајните потрошувачи“ соопшти владината прес-служба.

Можете да прочитате

Жена од Скопје измамена за сума од 117.000 денари

Маж пронајден мртов во дом во Ѓорче Петров, имал траги на насилство

Владина делегација предводена од Муцунски положи цвеќе по повод 23 Октомври