Утрински Весник
Македонија

Ад хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации

Членовите на Владата, на предлог на Министерството за правда, на редовната седница ја усвоија Информацијата за иницирање меѓуресорско, Ад-хок тело како привремено решение, до донесување на нов Закон за здруженија и фондации.

dobivaj vesti na viber

Со оглед на тоа што Министерството за правда не води Регистар на историски личности постои потребата од преодно решение за барањата поднесени од страна на здруженијата кои во името имаат историска личност и формираното тело ќе дава мислење за карактерот на историските личности, односно на начинот на кој ќе се формираат, со цел да се избегне злоупотреба на одредени личности кои имаат негативен контекст низ различни историски епохи.

Можете да прочитате

Нива акција на МВР: Од две лица од Струмица одземени скоро 600.000 во кеш

Уапсен канадски државјанин, сакал да изнесе културно богатство од државата

Изменето работното време на шалтерот за издавање одобренија за патување на деца