Утрински Весник
Магазин

Бритни Спирс ја сподели корицата на претстојниот сингл Hold Me Closer

Сер Елтон Џон и Бритни Спирс се на нова корица за нивниот претстоен дует.

dobivaj vesti na viber

Бритни и Елтон стојат рамо до рамо за многу очекуваниот сингл Hold Me Closer, кој треба да биде објавен на 26 август од „Јуниверзал мјузик“.

Спирс (40) ја сподели новата корица на која се гледаат и таа и Елтон во сино-бели светкави бејзбол униформи.

Минатата недела, сер Елтон (75) постираше фотографија на својата официјална страница на Инстаграм со што го најави објавувањето на песната.

Британската музичка икона сподели симпатична фотографија од двете ѕвезди како деца.

Hold Me Closer е преработка на неговиот хит класика од 1971 година, Tiny Dancer.

Овој дует е прво издание на сингл на Бритни по укинувањето на спорното старателство во ноември 2021 година.

Можете да прочитате

„Погледнав во смртта и се вратив“ – потресна исповед на патникот кој висел надвор од авион на „Рајанер“ над Македонија

НЛБ Банка со глобално признание од Euromoney Awards for Excellence 2026

Експертите предупредуваат на драматичен пораст на онлајн експлоатацијата на деца