Утрински Весник
Економија

Со над 720.000 тони жито, 33 бродови ги напуштија пристаништата во Украина

Вкупно 33 товарни бродови со повеќе од 720.000 тони прехранбени производи ја напуштија Украина според договорот меѓу Киев и Москва, кој со посредство на Обединетите нации и Турција ги деблокираше украинските поморски пристаништа, соопшти денеска украинското Министерство за земјоделство.

dobivaj vesti na viber

Според Заедничкиот координативен центар во Турција, кој го следи спроведувањето на договорот, од трите украински пристаништа на Црното Море се извезени вкупно 721.449 тони жито и прехранбени производи од постигнувањето на договорот, пренесува Ројтерс.

Во Истанбул, со посредство на ОН, на 22 јули беше потпишан договор со кој стави крај на повеќемесечната блокада на Црното Море од руски воени бродови и украински морски мини.

Украинскиот извоз на жито е намален од почетокот на војната поради затворањето на нејзините пристаништа на Црното Море, клучен бродски канал, што ги поттикна глобалните цени на храната и ги зголеми стравувањата од недостиг во Африка и на Блискиот Исток, наведува Ројтерс.

Можете да прочитате

Кочоска: Внимателно се планира издавањето на еврообврзницата, постапката е започната

Анализата на пазарот на аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во 2024 во фокусот на третиот јавен состанок на АВМУ

Народната банка со поддршка од ЕУ започна проект за модернизација и унапредување на статистиката и платните системи