Утрински Весник
Магазин

Џеj Ло и официјално маќеа

Џенифер Лопез и Бен Афлек минатиот викенд го собраа семејството и пријателите на раскошна свадбена прослава со винтиџ холивудска тематика.

dobivaj vesti na viber

Но, 53-годишната пејачка и актерка беше најмногу воодушевена од тоа што ќе ги собере сите нивни деца на тридневната забава, пренесува „Пипл“.

Таа, наводно, е пресреќна што повторно ќе стане маќеа.

Џенифер ги има Макс и Еми (14) со поранешниот сопруг Марк Ентони, а Бен ги има Вајолет (16), Серафин (13) и Сем (10) со поранешна сопруга Џенифер Гарнер.

„Многу ѝ беше мило да ги види сите деца таму. Ја сака таа локација. Се чувствуваше многу посебно“, рекол извор близок до поп-ѕвездата. „Тоа беше сон за неа“.

Убавицата родена во Бронкс сака да биде госпоѓа Афлек. „Таа постојано вели ‘мојот сопруг’ и тоа е многу симпатично“, вели инсајдерот.

Ова не е прв пат Лопез да ја игра улогата на маќеа.

Кога се омажи за Ентони, таа стана маќеа на неговите деца Аријана (28), Чејс (25) Кристијан (21) и Рајан (19).

Новите господин и госпоѓа Афлек изнајмија куќа во Беверли Хилс додека не заврши реновирањето на старата палата на Џенифер во Бел Ер, Калифорнија.

Не е познато дали сите деца ќе одат во исто училиште бидејќи се речиси сите тинејџери со исклучок на Семјуел.

Можете да прочитате

Филмскиот и телевизиски проект за Тоше Проески ќе се снима во 2027 година, премиерата најавена за 2028

Австралијка обвинета за обид за труење колешка, со која наводно била во врска

„Меморија“ на 23 октомври со концерт во „Јане Сандански“