Утрински Весник
Магазин

Скот Дисик лесно повреден во сообраќајна несреќа, одбил медицинска помош

Скот Дисик имал сообраќајна несреќа во Калифорнија во неделата.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездата на реалити-шоуто Keeping Up With The Kardashians помина без посериозни повреди откако удри со својот теренец Ламборџини во близина на Калабасас, објави „ТМЗ“.

Истиот извор тврди дека возилото се превртело, а Скот имал среќа да помине само со мала исеченица на главата.

Според веб-страницата, во несреќата не учествувале други возила, а Скот одбил медицинска помош поради повредите. Тој бил сам во возилото кога се случила несреќата.

Скот (39) е татко на три деца – Мејсон (12), Пенелопе (9) и Рејн (7) со неговата поранешна партнерка Кортни Кардашијан.

Можете да прочитате

Кинескиот суд: Работниците не смеат да бидат отпуштени поради воведување на вештачка интелигенција

Дневен хороскоп за 5 мај 2026 година

Меркур влегува во Бик: Следуваат три недели посмирена комуникација