Утрински Весник
Спорт

Фиго ќе открие зошто се преселил од Барселона во Реал

Една од најголемите контроверзи во фудбалот, преселбата на Луис Фиго од Барселона во Реал Мадрид, наскоро ќе биде разоткриена. Наскоро на „Нетфликс“ ќе излезе филм во кој ќе ја дознаеме вистината за преселбата на Луис Фиго од Барселона во Реал Мадрид.

dobivaj vesti na viber

Пред речиси точно 20 години еден од најдобрите португалски фудбалери на сите времиња се пресели од Барселона во Реал Мадрид за тогашни рекордни 62.000.000 евра.
Сега конечно ќе ги дознаеме деталите за едно од најголемите предавства во фудбалската историја.

Во трејлерот кој беше објавен, Фиго може да се види во дресот на Барселона како го навредува и исмејува својот иден клуб. Наскоро се случува голем пресврт, а Фиго се сели Реал Мадрид и станува „Галактикос“.

Во филмот  Флорентино Перез, Пеп Гвардиола и многу други ги кажаа своите ставови за овој трансфер.

„Многу луѓе зборуваа, но никој не знае која е вистината. Ја знам вистинската вистина, бидејќи јас сум актерот на сето тоа”, рекол Фиго, кој тогаш бил многу исплашен за своето семејство поради заканите кои ги добивал од навивачите на Барселона.

Филмот се вика „Аферата Фиго: Трансферот што ја промени фудбалската историја“. Филмот ќе се емитува на 25. август на платформата „Нетфликс“.

 

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина